еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата, порача бугарскиот претседател Радев

Бугарија треба да даде согласност за почетокот на преговорите со Република Северна Македонија, откако ќе бидат признати објективните историски факти и откако процесот на искоренување на јазикот на омразата ќе стане одржлив и неповратен, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, јави БГНЕС.

Тој нагласи дека бугарската Влада со години давала ветувања за безусловна поддршка на Северна Македонија.

„Резултатот го гледаме денеска, Владата доцна се сети дека треба да го заштитува националниот интерес“, вели Радев.

Според него, би било голема грешка доколку премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев „одиграат некаков театар и потпишат една декларација со желби, како што е Договорот од 2017 година, без јасни критериуми, без механизми за верификација и без мерки за имплементација“.

„Ние имаме голема желба нашите пријатели од Република Северна Македонија да ја добијат својата европска перспектива и токму поради тоа сега треба да почекаме да се смират емоциите.

Треба да се вооружиме со трпение за еден отворен, смирен разговор и на тој начин јасно да ги видиме позициите на двете страни и да не потпаѓаме на искушенијата од брзи решенија со имитација на триумф.

Додека зад таа фасада продолжуваат да гнијат проблемите на Титовиот режим и неговата идеологија, Бугарија откако не успеа да ги вклучи нашите барања во преговарачката рамка, треба да даде согласност за почеток на преговорите, откако ќе се признаат објективните историски факти и кога процесот на искоренување на јазикот на омразата и на искоренување на злоупотребата на нашиот идентитет и суверенитет ќе стане постојан и неповратен“, вели Радев.

Во спротивно, според него, во ЕУ би се внеле проблеми.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е проблем епитетот фашисти, Бугарија бара многу повеќе

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите со Македонија поради „говорот на омраза„

Бугарската војска овде беше окупатор, вели Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од Комисијата со Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонијатурист со драстичен раст на добивката

Редакција

(Галерија) Многу посетители, снег и сонце: Се отвори туристичката сезона на Попова Шапка

Редакција

Твитер за историската посета: „Се моли Папата да појде за Охрид, бар ќе го направат автопатот конечно“

Редакција