Бугарските медиуми пренесуваат дека бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со францускиот претседател Емануел Mакрон на маргините на Самитот на ЕУ му се пожалил дека имало антибугарска кампања во Македонија.
Според соопштението на кабинетот на Радев, бугарскиот претседател му рекол на Макрон дека „институциите во Северна Македонија мора со резултати да докажат дека навистина се стремат кон евроинтеграции“.
Радев му се пожалил на Макрон и за неспроведувањето на уставните измени, со кои Бугарите треба да влезат во македонскиот Устав.
„Уште една антибугарска кампања во РСМ, која доведе до голем број престапи од омраза – палење и пукање врз бугарските културни клубови, како и насилство врз македонските Бугари, покренува прашања за улогата и одговорноста на институциите во земјата.
Забележуваме отсуство на политичка волја за реформи и уставни измени, а наместо тоа во државата се води уште една антибугарска кампања“, му рекол Радев на Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Радев