еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рашковски спроведен во затворот во Шутка

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски попладнево е спроведен во затворот во Шуто Оризари.

Директорот на затворот, Филип Андонов во изјава за МИА вели дека Рашковски согласно протоколите за заштита од Ковид-19, ќе биде сам во ќелија десетина дена.

Попладнево, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција ја прифати жалбата на јавниот обвинител и му определи 30-дневен притвор на Драги Рашковски и Даниел Станчевски во врска со „истрагата за набавка на софтвер“.

На 16 април, на Рашковски му беше определен куќен притвор по четиричасовен распит во Кривичниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30-дневен затворски притвор за Рашковски и Станчевски за набавката на софтвер во МВР

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен побара разрешување на Даштевски од Комисијата за заштита од дискриминација

Редакција

Земјотрес утрово почуствуван во Скопје, епицентарот бил во Косово

Редакција

Членот на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје, Теодулос Скордис поднесе оставка

Редакција