еМагазин
Image default
Македонија

Земјотрес утрово почуствуван во Скопје, епицентарот бил во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, 31.7.2022 година, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 26 километри североисточно од Скопје во соседна Република Косово.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 8 часот и 28 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2,8 и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Скопје и околината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева празниците ги поминала дома со семејството

Редакција

ВМРО-Народна партија: Македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши се чувствуваат загрозени поради ветото на Бугарија

Редакција

Расте интересот за вакцинација, досега барем една доза вакцина примиле 74.076 граѓани

Редакција