еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка ја зголеми добивката за 23,5% во првите шест месеци

Во првите шест месеци од годинава, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.395.014 илјади денари, што претставува зголемување за 23,5% во однос на остварената нето – добивка истиот период претходната година, информираат од Банката преку Македонската берза.

“Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија и зголемен број на корисници на платните сервиси на Банката.

Во извештајниот период Банката склучи нов договор со ЕБОР за кредитна линија од програмата за финансирање “Зелена енергија” која е наменета за инвестиции на домаќинствата во енергетската ефикасност.

Во првиот квартал од 2022 година, првиот банкарски електронски асистент Нела на НЛБ Банка беше наградена со второ место во категоријата „Најдобра автоматизирана алатка чет бот“ од порталот „Сајт на годината 2021“ Скопје.

Во вториот квартал од 2022 година НЛБ Банка доби национална награда во организација на Министерството за економија на РС Македонија за општествена – одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“.

Како потврда за досегашното ефикасно работење на НЛБ Банка АД Скопје се и трите признанија кои ги доби Банката од Visa центарот, како Банка која покажува извонредни резултати, не само во РС Македонија, туку и во цела југоисточна Европа.

Овие признанија зборуваат за големината на партнерствата кои ги гради Банката, посветеноста на бизнисот и клиентите и поддршката која ја дава на заедницата во која делува.

Банката е системски значајна банка врз основа на Одлуката за методологија за идентификување системски значајни банки на Народната банка на РС Македонија со јака пазарна позиција и висок пазарен удел во банкарскиот сектор на РС Македонија.

НЛБ АД Скопје се карактеризира со висока адекватност на капиталот, повеќе од двојно повисока од регулаторно пропишаната и значаен нагорен тренд кај профитабилната страна на Банката“, велат од Банката.

Заклучно со 30.06.2022 година билансната сума изнесува 106.429.308 илјади денари, односно се намали за 1.280.171 илјади денари или 1,2% во однос на 31.12.2021 година.

„Паричните средства и паричните еквиваленти изнесуваат 19.109.517 илјади денари и бележат намалување од 3,0% во однос на 31.12.2021.

Кредитите и побарувањата од банки бележат намалување од 139 илјади денари во однос на 31.12.2021.

Вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 67.802.027 илјади денари и бележат зголемување од 3,4% во однос на 31.12.2021.

Кредитирањето и во двата сектора, домаќинства и нефинансиски правни лица, продолжи да се зголемува и во текот на 2022 година, при што зголемувањето во поголем дел се должи на потрошувачките и станбените кредити кај домаќинствата.

Вложувања во хартии од вредност изнесуваат 15.424.700 илјади денари и се намалени за 15,9% во однос на 31.12.2021 поради доспевање на домашни и странски државни записи и обврзници.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања во однос на 31.12.2021 година се зголемени за 41,3%.

Обврски по кредити се зголемени за 275.714 илјади денари заради повисокиот износ на долгорочни кредити од кредитна линија од домашна банка (РБСМ).

Акционерскиот капитал и резервите на Банката се зголемени 2,5% и изнесуваат 14.417.710 илјади денари. Зголемувањето произлегува од распределба на реализираниот годишен финансиски резултат за 2021 година во резервите на Банката“, велат од Банката.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2022 година се повисоки за 4,3% споредено со претходната година, при што приходите од камати се повисоки за 2,4%, главно поради повисоки каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и домаќинства додека расходите за камати се пониски за 13,3%, главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување, посочуваат од Банката.

“Нето приходите од провизии се повисоки за 3,6% споредено со претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 13,1% како резултат на зголемени приходи од реализирани трансакии на ПОС терминали и картично порамнување, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и странство и повисоки приходи од водење трансакциски сметки.

Расходите за провизии се зголемени за 27,3%, главно поради повисоки расходи од картично работење кон меѓународните картични системи а во помала мера поради зголемување на расходите од услуги во платен промет со странство.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 397.085 илјади денари и се намалени во однос на претходната година, главно поради пониски наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и домаќинства.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.522.841 илјади денари и се пониски за 7,1% во однос на претходната година“, велат од Банката.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.106.423 илјади денари и се зголемени за 8,2% при што трошоците за вработени се повисоки за 5,7%, трошоците за амортизација се повисоки за 18,1%, останатите расходи од дејност се повисоки за 8,4% во однос на претходната година.

“Заклучно со 30.06.2022, беа ослободени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 82.380 илјади денари соодветно на подобрената структура, наплата и квалитет на кредитната изложеност.

Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 51.218 илјади денари.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.550.016 илјади денари и е зголемена за 23,5% во однос на претходната година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2022 година изнесува 1.395.014 илјади денари и е зголемена за 23,5% во однос на претходна година“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка за шест месеци

НЛБ Банка ја продолжува промотивнaта кампања за кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пелистерка лани со раст на добивката

Редакција

Град Скопје за шест месеци има приходи и други приливи од 3,1 милијарди денари

Редакција

НЛБ Банка лани со добивка 1,8 милијарди денари

Редакција