еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка лани со добивка 1,8 милијарди денари

Бруто добивката на НЛБ Банка заклучно со 31.12.2020 година изнесува 1.857.334.000 денари и е намалена за 9,3% во однос на истиот период претходна година, соопшти банката преку Македонската берза.

Нето добивката на банката заклучно со 31.12.2020 година изнесува 1.704.271.000 денари и е намалена за 7,9% во однос на истиот период претходна година.

„Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2020 година се пониски за 1,6%  споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4,4%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 19,9% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување  на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се повисоки за 1,7% споредено со истиот период  претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 0,8% како  резултат од зголемени приходи од ПОС терминали и повисоки приходи од  брокерско работење поради зголемен обем на тргување со хартии од вредност.

Расходите за провизии се намалени за 0,8%, главно поради одлуката на НБРСМ за времено укинување на надоместоците за вршење на кеш услуги.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 469.615.денари и се повисоки за 32,7% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население, остварена капитална добивка од продажба на превземени средства како и зголемени приходи од курсни разлики.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 4.505.693.000 денари и се повисоки  за 1,9% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.927.863.000 денари и се намалени за 0,7% при што трошоците за вработени се пониски за 0,6%, трошоците за амортизација се повисоки за 17,1%, останатите расходи од дејност се пониски за 3,9% во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 31.12.2020, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските  средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 673.070.000 денари или 57,5% повеќе во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата, квалитетот и порастот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 47.426 илјади денари“, соопшти Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна лотарија ја демантира албанската опозиција

Редакција

„Тиквеш“ и годинава откупи најмногу грозје по повисоки цени од просечните

Редакција

Каде да се информирате за рестрикцијата на летови поради состојбата со корона вирусот

Редакција