еМагазин
Image default
Македонија

Раст: 32% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 97.004 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани.

Со последните бројки 32% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат„, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Снимки и нови материјални докази ќе бидат презентирани на судењето за „Рекет”

Редакција

Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села

Редакција

Најдобро е Заев да остане на чело и на партијата и на Владата во овој период, смета Спасовски

Редакција