еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст на добивката и приходите на Алкалоид во првите три месеци

Алкалоид АД Скопје, во периодот јануари-март 2022 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираните единечен и консолидиран биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари-март 2022 година изнесуваат 2.744.820 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат пораст од 8%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 12%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари-март 2022 година изнесуваат 3.695.704 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат пораст од 10%.

Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и на услуги, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пораст од 11%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-март 2022 година изнесуваат 2.418.854 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат пораст од 8%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари-март 2022 година изнесуваат 3.276.374 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат пораст од 10%.

Од вкупните консолидирани продажби, 67% се остварени на странските пазари. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Германија (раст од 146 %), Полска (раст од 114 %), Романија (раст од 102 %), Бугарија (раст од 69 %), САД (раст од 51 %), Албанија (раст од 24 %), Црна Гора (раст од 15 %), Косово (раст од 11 %), БиХ (раст од 8 %), Србија (раст од 7 %), итн..

Остварената единечна нето-добивка во 2022 година изнесува 298.147 илјади денари и во споредба со остварената во 2021 година бележи зголемување за 5%.

Остварената консолидирана нето-добивка во 2022 година изнесува 361.453 илјади денари и во споредба со остварената во 2021 година бележи зголемување за 4%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид за три месеци со 99 нови вработувања и инвестиции од 218,5 милиони денари

Алкалоид ќе дели дивиденда повисока за 10% споредно со 2020

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „27 април“: Обвинетиот Нинџа работел во УБК под псевдоним Самурај, имал и значка, пиштол и радиостаница

Редакција

Свадбата во Чаир нов кластер, 14 заразени со корона вирусот: Ем не почитуваат мерки, ем не соработуваат со епидемиолози

Редакција

Медицински центар од Бугарија започна со вакцинација на граѓани на Македонија во пограничната област

Редакција