еМагазин
Бизнис

Раст на станбените и потрошувачките кредити, пад кај автомобилските

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јули кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е регистриран месечен раст од 1,3% и 1,5%, соодветно, при годишен раст од 11,2% и 16,0%, соодветно, соопшти НБРМ.

Во јули, кај автомобилските кредити е евидентирано месечно намалување од 0,5%, во услови на годишен раст од 0,7%. Овој месец кредитите одобрени на кредитни картички не остварија промена на месечна основа, додека на годишна основа бележат намалување од 1,0%.

Во јули, кај негативните салда на тековните сметки е остварен месечен и годишен раст од 0,4% и 4,2%, соодветно, додека кај кредитите одобрени врз други основи е регистрирано месечно и годишно намалување од 0,1% и 0,3%, соодветно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири компании не добија државни пари поради поврзаност со функционери

Редакција

Преку моделот “се или ништо“ на продажба акции на Еуростандард банка во Гранит, Макпетрол, Реплек…

Редакција

Тетекс лани со добивка

Редакција