еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Раст на трошоците на живот, најголем кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата…

Трошоците на живот во октомври биле зголемени за 0,5 проценти во однос на септември, а за 4,1 процент во споредба со октомври лани.

Цените на мало, пак, во октомври биле на исто ниво како и во септември, а во однос на октомври лани се зголемени за 6,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во споредба со септември е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,5 проценти, кај маслото и маснотиите за 2,3 проценти, кај лебот и житата за 1,8 проценти, кај месото за 1,7 проценти, кај прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,2 проценти, кај млекото за 0,7 проценти, кај сирењето и урдата за 0,5 проценти и кај рибата и морските плодови и жестоките пијалаци за 0,3 проценти.

Во октомври, исто така, пораст на трошоците на животот имало и кај гасот и течните горива за домаќинствата, рестораните и кафулињата, обувките, услугите за домаќинствата, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, цврстите горива за домаќинствата, накитот и часовниците, големите и малите електрични апарати за домаќинствата….

Намалување на трошоците на животот имало кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, свежото и разладеното овошје, пивото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук и виното. Намалување имало и кај воздухопловниот патнички транспорт, туристичките пакет-аранжмани, велосипедите, книгите….

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикатите на полицијата и Армијата во сабота на протест, бараат усогласување на платите со минималната

Редакција

Просечната плата се намалила за 101 денар за еден месец

Редакција

Владата ги усвои законските измени за минимална плата од 18.000 денари

Редакција