еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Расте бројот на склучени, но и на разведени бракови

Бројот на склучени бракови во државава бележи пораст, но зголемување има и кај бројот на разведени бракови.

Според последните податоци објавени од Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на склучени бракови во 2021 година, е зголемен за 29.8 отсто, во споредба со претходната година и изнесува 13.337 бракови.

Најмногу бракови 1.981 или 14.9 отсто, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 667 или 5.1 процент.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94 отсто за жените и 93.3 проценти за мажите.

Според статистичките податоци во втор брак стапиле 6.2 отсто, а во трет брак 0.6 проценти од вкупниот број склучени бракови.

Најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.392 или 32.9 отсто кај жените и 4.959 бракови или 37.2 проценти кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27 години за невестата и 29.8 години за младоженецот.

Податоците на ДЗС покажуваат дека и бројот на разводи минатата година бележи зголемување од 25.2 отсто, односно евидентирани се 1.964 разводи.

Најмалку бракови во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу во декември. Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 отсто, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3 проценти, во месец декември.

Според возраста, пак, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години и тоа 364 или 18.5 отсто кај жените и 365 или 18.6 проценти кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски денеска слави роденден: Торта од сопругата и синот

Редакција

Децата во Македонија дневно на интернет од два до девет часа

Редакција

Ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов од Кочани

Редакција