еМагазин
Image default
Македонија

Расте интересот за вакцинирање

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, велат од Министерството за здравство.

“Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.

Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугаринот кој нудеше 200 евра за идентитетот на македонски полицаец го избриша постот

Редакција

Преговарачката рамка нема да се ревидира, договорот со Бугарија да се почитува, порачаа бугарскиот премиер и претседател

Редакција

За 30,9 проценти намален бројот на позитивни случаи на Ковид-19

Редакција