еМагазин
Image default
Бизнис

Растеме со Галеника – препознатлива преку брендовите Jekoderm и Pantenol

Генерации растеа и растат со брендови како што се Jekoderm или Pantenol. Имињата на производите зад кои стои фармацевтскиот регионален гигант Галеника се спомнуваа како што се слушаат најпознатите интернационални музички хитови. Кога се пакуваа за одмор, пред почеток на школската година или понекогаш во аптеките кога потрошувачите бараа Jekoderm наместо рибина маст.

Иако понудата на производи со рибина маст е голема, сепак традиционално на овие простори се користеше производот на Галеника, којшто постепено се вдоми кај потрошувачите и го надрасна сопствениот бренд.

Ова е само една мала илустрација за тоа колку, во минатите децении, сме навикнале да ги користиме како имиња Jekoderm или Pantenol, производи на Галеника, која што годинава слави 76 години постоење.

Повеќе од седум децении растење и дружење со производите од кои дел се како отпечатени во умот, нераскинливо поврзани со чувството на грижа и љубов, а кои понатаму со истиот интензитет ги пренесуваме на нашите најмили. Впрочем и денес на одмор не тргнуваме без Jekoderm или Pantenol. Така правела баба, потоа и мама, а денес и ние.

Во изминатите 76 години Галеника постојано е присутна на македонскиот пазар, но со различен интензитет. Се менуваше логото, понекогаш го дополнуваше и името, но од 2017 година стана дел од NC Групацијата, која ја вклучува EMS, најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка.

Српскиот производител во изминатите неколку години, преку стратешкото партнерство, се трансформира во фармацевтски иноватор со амбиции да стане регионален лидер.

Брендот зад кој стојат квалитет и традиција, многу добро познат на постарите, со иновативниот начин на размислување и модерна, современа промоција на производите се наметнува и на помладите генерации.

„Изминативе три години компанијата мина низ интензивен период на инвестиции и зазема висока и стабилна втора позиција на фармацевтскиот пазар во Србија. Благодарение на новата визија и деловна стратегија во последните три години, компанијата забележа раст на продажбата во регионот – Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за 32%.

Истовремено го зголеми своето присуство на меѓународните пазари и е активно присутна на 14 пазари во Европа, Блискиот исток и Африка, каде што за повеќе од двојно го зголеми извозот. Компанијата постојано инвестира во човечки ресурси и создава нови работни места, бидејќи вработените се приоритет број еден во компанијата“, вели Даниел Јаневски, генерален директор во Галеника, Северна Македонија.

Денес Галеника на македонскиот пазар нуди лекови на рецепт, OTЦ производи (лекови без рецепт), козметички производи и додатоци во исхраната, вклучувајќи производи за зајакнување на имунитетот.

Во 2021 година, Галеника го претстави новиот модерен визуелен идентитет, со кој се потврдува и визијата да биде компанија што носи иновации и создава трендови во фармацевтската индустрија, а притоа да остане посветена на луѓето и верна на здравјето. Инвестициите кои го опфаќаат секој сегмент од работењето на компанијата, пред сẻ, се насочени кон современите потреби на пазарот и потребите на пациентите и потрошувачите.

Компанијата работи на понатамошно зголемување на производството, како и продажбата на регионалните и меѓународните пазари, а забележителен е планот за растот на портфолиото – со регистрација и лансирање на пет нови производи годишно во следните пет години. Компанијата, исто така, е посветена на регионалниот раст, вклучувајќи го и пазарот на Северна Македонија.

ПР објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крушево е веќе резервирано за празниците

Редакција

Со новиот Закон за заштита на потрошувачи ќе се затвараат маркети кои работат со нечесни трговски практики

Редакција

Познати бизнисмени и јавни и државни претпријатија на новата Листа на должници на УЈП

Редакција