еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Разрешен директорот на ЈП Улици и патишта-Скопје откако бил фатен со кокаин

Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата.

За разрешувањето објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција“, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил.

Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МИА/Фото: Фејсбук/Смаиловиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бомбите“ ќе пукаат по потреба: Кој се ги поседува освен СЈО

Редакција

Татко си ја бара ќерката: Малолетно девојче од Драчево побегнало од дома

Редакција

Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57

Редакција