„Не ги гледајте само овие 20 или 40 милиони денари во транспорт и врски коишто ги дуплиравме ги зголемивме и сега во севкупното кратење каде што се намалија сите во септември ги враќаме овие пари, мораше буџетот да интервенира заради картичките заради поддршка на работните места или слично“ – Изјава на Г-ин Зоран Заев, ЗООМ Платформа 10 Јули, 2020.
Во текот на предизборната кампања, граѓанското движење на Ромите АВАЈА организираше јавна дискусија со лидерот на СДСМ и кандидат за Претседател на Владата на Република Северна Македонија Г- Зоран Заев преку ЗООМ платформата. Ромската заедница за прв пат на дигитален начин имаше можност да ги слушне предизборните ветувања на Коалицијата „Можеме“.
Во текот на дискусијата, предводникот на Коалицијата во однос на кратењето на Буџетот за поддршка на Стратегијата на Ромите за 2020, особено во делот на кратењето на Министерството за транспорт и врски од 40 милиони на 20 милиони денари изјави дека истите средства со ребаланс на буџетот во Септември 2020 ќе се вратат за реализација на инфраструктурни проекти.

Од она што може да се забележи, од сите ставки на Министерство за транспорт и врски, најголемо намалување со ребалансот на буџетот за 2020 имаше во делот на Поддршка на имплементацијата на стратегијата на Ромите каде што беа скратени 50%.
Ребалансот на буџетот беше донесен во Ноември 2020, при што поради краткиот период за реализација односно немањето на инфраструктура за имплементација поради укинувањето на позицијата Министер без ресор, како и немањето на предлог проекти од страна на општините, буџетот во рамките на Министерството за транспорт и врски остана на 20 милиони денари.
Сепак и покрај горенаведените предизвици, очекувањата на Ромската заедница беше дека со новиот предлог буџет за 2021, буџетот во делот на Министерството за транспорт и врски ќе изнесува 40 милиони денари, пред се поради тоа што најголемите проблеми со кои се соочува Ромската заедница се токму од недостаток на соодветна инфраструктура.
Програма | Буџет 2020 | Ребаланс 2020 | ||
10 | Администрација | 219,855,000 | 160,251,000 | -27% |
11 | Поддршка на имплементацијата на декадата и стратегијата за Ромите | 40,000,000 | 20,000,000 | -50% |
1А | Надградба и реконструкција на управна зграда | 20,000,000 | 16,000,000 | -20% |
20 | Сообраќај и комуникации | 152,230,000 | 120,980,000 | -21% |
30 | Урбанизам и Градежништво | 331,200,000 | 196,200,000 | -41% |
3Б | Водовод и канализација за општините | 35,750,000 | 30,250,000 | -15% |
3Г | Проект за водоснабдување и одведување на отпадни води | 76,000,000 | 64,000,000 | -16% |
3Д | Гасификација | 1,800,000 | 1,300,000 | -28% |
3У | Водовод и канализација – Визбегово | 100,000,000 | 100,000,000 | 0% |
ДА | Инвестиции во железничката структура | 880,600,000 | 730,400,000 | -17% |
Вкупен буџет | 1,857,435,000 | 1,439,381,000 | -23% |
Изминатата недела, предлог буџетот на Република Северна Македонија беше доставен до Собранието на разгледување, каде што пратениците ќе имаат можност да расправаат за истиот и да предложат предлог амандмани. Што се однесува до Ромите, во буџетот за 2021 година планирани се 59.2 милиони денари или 964 илјади евра, при што во споредба со предлог буџетот за (2020) каде изнесуваше 79.8 милиони денари ,сега буџетот за 2021 е помал за 26%.
Како што може да се забележи од табелата, единствено значително зголемување во новиот предлог буџет имаме во Министерството за здравство за 22%, каде што се планира зголемување на бројот на здравствени медијатори. Додека во останатите министерства може да се забележи стагнација или намалување, при што најголемо намалување имаме во Министерството за транспорт и врски од 50%
Прелдог Буџет 2020 | Прелдог буџет 2021 | ||||
Државен Буџет | Донации | Државен Буџет | Донации | Намалување/ зголемување во однос на 2020 | |
МТВ | 40,000,000 | – | 20,000,000 | – | -50% |
МТСП | 8,330,000 | 2,604,000 | 8,330,000 | 2,722,000 | 1% |
МЗ | 3,300,000 | – | 4,020,000 | 22% | |
МО | 21,982,000 | 3,570,000 | 22,172,000 | 2,000,000 | -5% |
Вкупен буџет | 73,612,000 | 6,174,000 | 54,522,000 | 4,722,000 |
Во текот на предизборната кампања, Премиерот Зоран Заев во однос на инфраструктурните проекти на јавната дискусија даде ветување дека “При самиот буџет, мора да има клаузула, за алокација на капитални инвестиции, најмалку колку што се застапени Роми во државата, со пондер повеќе оти е заборавена Ромската населба, ромската општина, ромскиот живот сите овие 30 години наназад.“
Кратењето на Буџетот за поддршка на имплементација на стратегијата за Роми е во спротивност со препораките на Европската Комисија, каде што во делот на домување Европската комисија нотира дека се прави многу мал прогрес и голем дел од активностите остануваат неимплемнтирани. Воедно, Еврокомесарот Вархеј при посетата на Македонија во октомври, изјави дека Република Северна Македонија не обрнува доволно внимание на нејзините потреби, и го повика Премиерот Заев на поголема фокусираност на ова прашање.
Оттука, ние како Граѓанско движење на Ромите ја повикуваме Владата да ја преиспита својата одлука во врска со Буџетот наменет за имплементација на стратегијата на Роми, и во рамките на Министерството за транспорт и врски да го зголеми предлог буџетот на 40 милиони денари. Веруваме дека со оваа одлука, Владата ќе покаже сериозност и спремност за вистинско решавање на проблемите со кои се соочува Ромската заедница и ќе ги исполни предизборните ветувања што беа дадени пред Ромската заедница. Воедно, граѓанското движење на Ромите во текот на изминатите недели испрати и предлози за буџет во 12 општини за вклучување на приоритетите на Ромите во локалните буџети за 2021 година.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА