еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ако немаш пари и врски ќе си умреш од Ковид-19

Не дека не знаевме, ама деновиве во живо со пандемијата со Ковид-19 гледаме во колку катастрофална состојба е македонското здравство. На виделина излегоа сите промашени здравствени политики, кои за жал најчесто се само евтин ПР, кој не спасува човечки животи, ниту пак им носи некаков бенифит на граѓаните кои го плаќаат истиот, да биде апсурдот уште поголем.

Уште не сме стигнале до најлошото (кое е неизбежно и сигурно доаѓа), а веќе социјалните мрежи се преполни со потресни сведоштва и семејни трагедии на граѓани кои сведочат дека најблиските ги изгубиле од Ковид-19 поради тоа што не ја добиле навреме потребната помош од здравствените работници.

Друга, тешка и тажна е големата вистина дека некои граѓани нема да успеат во „битката“ со овој ужасен вирус, бидејќи немаат врски (како и за се друго во државата) да стигнат до кревет и професионална грижа навреме или пак немаат пари за да се лекуваат дома, кое по лице како што пресмета еМагазин може да ги чини и до 10 илјади денари.

Да, здравствените работници се изморени и фала им на сите од срце што вистински си ја сфатија својата професионална должност, (работа им е да лечат, по нивни избор), но да не заборавиме дека баш во оваа голема криза дел од „изморените„ за пуста функција и пари си отидоа во приватниот сектор.

А и имаше и такви кои не беа на висината на задачата што ја имаат и заклетвата која ја дале. И уште ги има таквите, не дај Боже, да имате потреба деновиве тоа да го проверите.

Бидете паметни и одговорни, чувајте се себе си и вашите фамилии. Ако немате пари и врски многу лесно може да Ве снајде најлошото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е евтино да се лекувате од Ковид-19, поисплатливо Ви е да се чувате

Колку чини лекувањето од Ковид-19 во домашни услови: Каква терапија препишуваат матичните лекари

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основен суд Скопје 2 склучи договор со „Еви интернатионал траде„ за набавка на компјутери, вреден 371,6 илјади евра

Редакција

“Од кај имаме пари за 78% повисоки плати?“: Твитер реакции за платите на функционерите

Редакција

Денеска се очекува втора рунда преговори меѓу Москва и Киев

Редакција