еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ

Реакција во однос на предлог-буџетот 2021: Министерството за транспорт и врски да го зголеми буџетот наменет за Роми

„Не ги гледајте само овие 20 или 40 милиони денари во транспорт и врски коишто ги дуплиравме ги зголемивме и сега во севкупното кратење каде што се намалија сите во септември ги враќаме овие пари, мораше буџетот да интервенира заради картичките заради поддршка на работните места или слично“ – Изјава на Г-ин Зоран Заев, ЗООМ Платформа 10 Јули, 2020.

Во текот на предизборната кампања, граѓанското движење на Ромите АВАЈА организираше јавна дискусија со лидерот на СДСМ и кандидат за Претседател на Владата на Република Северна Македонија Г- Зоран Заев преку ЗООМ платформата. Ромската заедница за прв пат на дигитален начин имаше можност да ги слушне предизборните ветувања на Коалицијата „Можеме“.

Во текот на дискусијата, предводникот на Коалицијата во однос на кратењето на Буџетот за поддршка на Стратегијата на Ромите за 2020, особено во делот на кратењето на Министерството за транспорт и врски од 40 милиони на 20 милиони денари изјави дека истите средства со ребаланс на буџетот во Септември 2020 ќе се вратат за реализација на инфраструктурни проекти.

Мемети Алберт, Програм Менаџер за Економија, Институт за истражување и анализа на политики, Претставник на граѓанското движење Аваја

Од она што може да се забележи, од сите ставки на Министерство за транспорт и врски, најголемо намалување со ребалансот на буџетот за 2020 имаше во делот на Поддршка на имплементацијата на стратегијата на Ромите каде што беа скратени 50%.

Ребалансот на буџетот беше донесен во Ноември 2020, при што поради краткиот период за реализација односно немањето на инфраструктура за имплементација поради укинувањето на позицијата Министер без ресор, како и немањето на предлог проекти од страна на општините, буџетот во рамките на Министерството за транспорт и врски остана на 20 милиони денари.

Сепак и покрај горенаведените предизвици, очекувањата  на Ромската заедница беше дека со новиот предлог буџет за 2021, буџетот во делот на Министерството за транспорт и врски ќе изнесува 40 милиони денари, пред се поради тоа што најголемите проблеми со кои се соочува Ромската заедница се токму од недостаток на соодветна инфраструктура.

Програма Буџет 2020 Ребаланс 2020
10 Администрација 219,855,000 160,251,000 -27%
11 Поддршка на имплементацијата на декадата и стратегијата за Ромите 40,000,000 20,000,000 -50%
Надградба и реконструкција на управна зграда 20,000,000 16,000,000 -20%
20 Сообраќај и комуникации 152,230,000 120,980,000 -21%
30 Урбанизам и Градежништво 331,200,000 196,200,000 -41%
Водовод и канализација за општините 35,750,000 30,250,000 -15%
Проект за водоснабдување и одведување на отпадни води 76,000,000 64,000,000 -16%
Гасификација 1,800,000 1,300,000 -28%
Водовод и канализација – Визбегово 100,000,000 100,000,000 0%
ДА Инвестиции во железничката структура 880,600,000 730,400,000 -17%
Вкупен буџет 1,857,435,000 1,439,381,000 -23%

Изминатата недела, предлог буџетот на Република Северна Македонија беше доставен до Собранието на разгледување, каде што пратениците ќе имаат можност да расправаат за истиот и да предложат предлог амандмани. Што се однесува до Ромите, во буџетот за 2021 година планирани се 59.2 милиони денари или 964 илјади евра, при што во споредба со предлог буџетот за  (2020) каде изнесуваше 79.8 милиони денари  ,сега буџетот за 2021 е помал за 26%.

Како што може да се забележи од табелата, единствено значително зголемување во новиот предлог буџет имаме во Министерството за здравство за 22%, каде што се планира зголемување на бројот на здравствени медијатори. Додека во останатите министерства може да се забележи стагнација или намалување, при што најголемо намалување имаме во Министерството за транспорт и врски од 50%

Прелдог Буџет 2020 Прелдог буџет 2021
Државен Буџет Донации Државен Буџет Донации Намалување/ зголемување во однос на 2020
МТВ 40,000,000 20,000,000 -50%
МТСП 8,330,000 2,604,000 8,330,000 2,722,000 1%
МЗ 3,300,000 4,020,000 22%
МО 21,982,000 3,570,000 22,172,000 2,000,000 -5%
Вкупен буџет 73,612,000 6,174,000 54,522,000 4,722,000

Во текот на предизборната кампања, Премиерот Зоран Заев во однос на инфраструктурните проекти на јавната дискусија  даде ветување дека “При самиот буџет, мора да има клаузула, за алокација на капитални инвестиции, најмалку колку што се застапени Роми во државата, со пондер повеќе оти е заборавена Ромската населба, ромската општина, ромскиот живот сите овие 30 години наназад.“

Кратењето на Буџетот за поддршка на имплементација на стратегијата за Роми е во спротивност со препораките на Европската Комисија, каде што во делот на домување  Европската комисија нотира дека се прави многу мал прогрес и голем дел од активностите остануваат неимплемнтирани. Воедно, Еврокомесарот Вархеј при посетата на Македонија во октомври,  изјави дека  Република Северна Македонија не обрнува доволно внимание на нејзините потреби, и го повика Премиерот Заев на поголема фокусираност на ова прашање.

Оттука, ние како Граѓанско движење на Ромите ја повикуваме Владата да ја преиспита својата одлука во врска со Буџетот наменет за имплементација на стратегијата на Роми, и во рамките на Министерството за транспорт и врски да го зголеми предлог буџетот на 40 милиони денари. Веруваме дека со оваа одлука, Владата ќе покаже сериозност и спремност за вистинско решавање на проблемите со кои се соочува Ромската заедница и ќе ги исполни предизборните ветувања што беа дадени пред Ромската заедница. Воедно, граѓанското движење на Ромите во текот на изминатите недели испрати и предлози за буџет во 12 општини за вклучување на приоритетите на Ромите во локалните буџети за 2021 година.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Редакција

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

Редакција

Социјален Мозок

Редакција