еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Инспектори ги „чешлаат“ болниците за околностите под кои одредени пациенти болни од Ковид-19 починале

Во текот на вчерашниот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од ПО Штип, изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од Ковид-19 при што согласно констатираната фактичка состојба со решение нареди на директорот на здравствената установа веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход, информираат од ДСЗИ.

„Решението во текот на вчерашниот ден од страна на ДСЗИ, ПО Штип доставено е по електронски пат, а во текот на денешниот ден и во хартиена форма.

Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата.

Независно од работата на Комисијата, во текот на денешниот ДСЗИ ќе иницира стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство,“ се додава во соопштението.

Од таму додаваат дека стручни надзори за пациенти починати од Ковид-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен.

„Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени за уште четири пациенти починати од Ковид-19,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако немаш пари и врски ќе си умреш од Ковид-19

Ќе се испитува случајот со смртта на 41-годишната пациентка во Штип која барала кислород, а не добила одговор од сестрите

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Парламентарните избори ќе се одржат во 2024 година, тврди премиерот

Редакција

За новонастанатата ситуација со операторите, телевизиите вината ја гледат во АВМУ 

Редакција

Прв пат во Македонија поставена протеза која заменува дел од ногата и целиот зглоб

Редакција