еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Колку чини лекувањето од Ковид-19 во домашни услови: Каква терапија препишуваат матичните лекари

Граѓаните кои имаат Ковид-19 и се со полесна клиничка слика, како што е познато, најчесто се лекуваат дома. Терапијата ја препишуваат матичните лекари кои имаат обврска во текот на денот да ги контактираат пациентите.

Лек против Ковид-19 се уште нема, но сепак постои терапија која зависно од симптомите и наоидите, матичните лекари ја даваат. Терапијата вклучува витамини, антибиотици, електролити, пробиотици, како и лекарства за намалување на болките и температурата.

Од витамини вклучени се витамин Ц, цинк, витамин Д3, б-комплекс, исоприносин. Од антибиотици најчесто сумамед во комбинација со трицеф или панцеф. Терапијата исто така вклучува и електролити, пробиотик и парацетамол.

Цените варираат во зависност од производителот. Но, отприлика цената на витамините е околу 1.000  денари, исоприносин е 1.000 денари, трицеф 400 денари, сумамед на приватно е 400 денари една доза, а потребни се две, на рецепта е околу 150 денари, пробиотик околу 300 денари, електорлити, парацетамол околу 100 денари. Доколку е потребна антитромбоцитната терапија таа може да чини околу 3.000 денари, а може и повеќе.

Цената на тестовите е различна и се движи од 1.800 денари приватно во јавните здравствени установи до 4.000 денари во приватните лаборатории.

Имајќи предвид од кој производител се витамините, дали антибиотиците се купуваат фондовски или приватно, каде е направен тестот, колку време трае терапијата еден граѓанин борбата со Ковид-19 во домашни услови би го чинела од 6.000 до 10.000 денари.

Лекувањето пак на едно четиричлено семејство од Ковид-19, надминува една просечна плата.

Но она што е најважно е, ништо од лековите не земајте на своја рака, туку сите консултации треба да ги правите со Вашиот матичен лекар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца поранешни директори на „Маѓар Телеком“ добија по осум години затвор

Редакција

Мистериозниот обвинител Абази стана нов шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

Вкупно 955 лица до 19 години во Македонија се заразиле со корона вирусот

Редакција