еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мистериозниот обвинител Абази стана нов шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Советот на јавни обвинители го именува Ислам Абази за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) – Скопје.

На денешната 70-та седница, Советот донесе и решение за мирување на функцијата на Абази како јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, од каде доаѓа на функцијата шеф на ОЈО ГОКК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Љубомир Јолевски, со уште неколку члена на Советот на ЈО, Иџет Мемети, Арбер Исаку и Коле Штерјев, ја посочија досегашната работа на Абази како шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во чиј мандат во правата година биле преполовени, а потоа и целосно расчистени сите застарени предмети, што, како што посочија, е добар показател за неговите менаџерски и стручни капацитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

На изборите за шеф на ОЈО ГОКК на 7 ноември, Абази освои најмногу гласови – 66, втор од четворицата пријавени кандидати по бројот на добиени гласови (64) беше Ермон Незири, Вилма Русковска освои 14, а Деса Пауновска десет гласа. Од вкупно 163 јавни обвинители петмина не гласале, а четири гласачки ливчиња биле неважечки.

Ова беше прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Абази, на прес-конференција еден ден по изборите, рече дека работата во ова Јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека ќе го претставува ОЈО ГОКК со своето досегашно искуство и професионално и законито работење. Како свој приоритет, Абази најави пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар и  воведување дигитализација во Јавното обвинителство.

За освоените 66 гласа од колегите јавни обвинители, Абази рече дека се голема одговорност и мотив, колку што може подобро и професионално да раководи со ова, како што рече, најважно јавно обвинителство кое во својата надлежност ја има борбата против организираниот криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ислам Абази излажа, објавени фотографии со него и функционери на ДУИ на приватни средби, лов…

По именувањето на Абази, претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски ја прекина 70-та седница, за како што посочи, да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите за чиј избор треба да одлучуваат. На дневен ред на седумдесеттата седница се изборот на виш јавен обвинител во вишите јавни обвинителства во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово.

На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носењето одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шесттемина пријавени кандидати на претходниот оглас.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска пет протести пред бугарското Собрание: Почнува расправата за гласање на недоверба на владата на Петков

Редакција

Комитет на Европарламентот прифати петиција за поддршка на Македонија и македонското малцинство во Бугарија

Редакција

(Фото) Три висококатници ќе се градат на паркингот кај „Холидеј ин“, инвеститорот МГ Фешен го престави проектот „Гранд“

Редакција