еМагазин
Image default
Бизнис

Ребалансот пред пратениците: Се крпат дупките во фондовите, се крати на капиталните инвестиции

Во изминатиов период од годината фискалните движења ја наметнаа потребата од минимално прилагодување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како на приходната, така и на расходната страна на Буџетот на Република Македонија, се вели во образложението на ребалансот на Буџетот, кој денеска влегува во собраниска процедура.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 210,5 милијарди денари. Во овие рамки на планирани приходи и расходи, дефицитот е незначително понизок (18,1 наспроти иницијално планираните 18,2 милијарди денари).

Притоа, во однос на БДП, буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7% од БДП. Со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2018 година извршено е ревидирање на приходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година за незначителни 0,5% надолу, односно за 1 милијарда денари.

Во услови на непроменети приходи на основниот буџет, ревидирањето на иницијално планираните проекции кај приходната страна на Буџетот на Република Македонија е резултат на: намалување на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки, благ пораст на социјалните придонеси, во однос на иницијално буџетираните од околу 1,5%, односно истите се ревидирани на ниво од 56,2 милијарди денари.

Расходната страна на Буџетот на Република Македонија за 2018 година е корегирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5%, при што извршени се следните позначајни измени:

-Реалокација на средства помеѓу буџетските корисници

-Намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, воглавно кај проекти финансирани со кредити

-Намалување на каматните расходи за 897 милиони денари, зајакнување на фискалниот капацитет на општините, преку финансиска поддршка на општините во висина од околу 3 милијарди денари, со цел финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа, од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита

-Алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел непречена исплата на пензиите и транзициските трошоци за вториот пензиски столб

-Обезбедување на дополнителни 763 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поевтин за 1,5 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Што треба да знаат корисниците, откако Вип стана А1

Редакција

Бензините поевтинувааат до денар и пол, дизелот поскапува за половина денар

Редакција