еМагазин
Image default
Локално

Речиси секој ден пожар во кавадаречко

Сто и петнаесет пожари се регистрирани од почетокот на годината во кавадаречко. Полицијата денеска свика состанок на кој претставници од неколку надлежни институции разговараа за превентивните мерки за противпожарна заштита.

„На заедничка иницијатива во соработка со полициската станица Кавадарци, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и општината со Територијалната противпожарна единица, одлучивме да направиме координаитвен состанок со конкретни заклучоци во делот на гаснење на пожари и зачувување на околината“, изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Над 90 пожари се полски од среден и мал обем, но нанесуваат штета и по имотот на граѓаните, а и го загадуваат воздухот.

„Порано имало помалку, но и не се евидентирале сите пожари. Одговорно сакам да кажам дека сите си ја сакаат и почитуваат работата. На Прочка сите служби одговорија кординирано во справувањето со пожарите. Тоа е показател дека имаме одлична соработка“, нагласи Јанчев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28-годишен скопјанец со компјутерски криминал за три месеци заработил 20 илјади евра

Редакција

Жител на Свети Николе са „самоизолирал“ во кафана наместо во домот

Редакција

Скопјанец изел ќотек од обезбедување на угостителски објект

Редакција