еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Референдумите за присоединување на украински региони кон Русија успешни, тврдат проруските власти

Проруските власти во три украински региони прогласија победа на илегалниот референдум за присоединување со Русија.

Москва организираше референдум во четири окупирани региони, што Украина, Западот и ОН не ги признаваат, бидејќи не се во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.

Локалното гласачко тело во јужниот регион Запорожје објави дека 93,11 отсто од гласачите се одлучиле за руска анексија по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.

Во Керсон властите објавија дека 87,05 проценти од гласачите решиле да се приклучат на Русија.

Додека во источниот регион Луганск, што е под контрола на проруските сепаратисти, 98 отсто од гласачите од преброени 91,2 проценти од гласачките ливчиња, се изјасниле за присоединување кон Русија.

Русија организираше референдум во четири украински региони – Запорожје, Керсон, Луганск и во Доњецк.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва можеби за последен пат Македонија настапува на Евровизија, МРТ најави можност од следната година повеќе да не учествуваме

Редакција

Кој е петтиот приведен за упадот во М-НАВ

Редакција

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вработува 17 службеници

Редакција