еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Регионот да соработува, за да се одржи стабилното снабдување на храна, порачаа министрите за земјоделство на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска и Косово

Соработката да продолжи, да биде ефикасна и функционална, а владите да се воздржат од воведувања унилатерални мерки од секаков вид. Граѓаните да бидат спокојни, бидејќи заеднички работиме и се заложуваме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна, порачаа на денешниот онлајн состанок министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговите колеги, министрите за земјоделство на Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска и Косово.

Николовски, кој го иницираше состанокот, потенцира дека во моментов Северна Македонија е снабдена со доволни количини храна.

Тој повика да се одржуваат отворени каналите за комуникација меѓу земјите и регионалните министерства за потребите од примарни земјоделски и преработени прехранбени производи, како и влезни резерви за земјоделско производство, но и на регионално ниво да се споделуваат информации за можните извори за увоз и преземање соодветни активности за задоволување на тие потреби билатерално или мултилатерално.

-Заеднички заклучок е дека граѓаните на Северна Македонија, како и граѓаните од регионот не треба да бидат загрижени. Потенциравме дека регионалната соработка треба да продолжи и владите да се воздржат од воведувања унилатерални мерки од било каков вид.

Министрите од регионот ја поздравија иницијативата и се согласија дека соработката помеѓу земјите од регионот треба да биде ефикасна и функционална, а граѓаните од сите држави од западен Балкан да бидат сталожени, бидејќи заедно работиме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна, рече Николовски.

На состанокот стана збор за руско-украинскиот конфликт и потенцијалните влијанија на тековната геополитика врз земјоделскиот сектор на земјите од регионот, состојбата со одржување на пазарите и снабдување со храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија од утре ќе забрани извоз на пченица, пченка, брашно и нафта

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европска Унија со санкции за Путин и Лавров, ќе им го замрзне имотот

Редакција

Нови 884 случаи со Ковид-19, оздравени 745 болни, четворица починати

Редакција

(Фото) Ковачевски со сопругата на свечена вечера во Вилнус се дружеше со Зеленски, Макрон, Блинкен…

Редакција