Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2, информираат од Министерство за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2.077, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.
Последната дистрибуција по градови е Скопје – 771, активни 232, Куманово – 442, активни 36, Дебар – 51, активни 0, Штип – 54, активни 19, Прилеп –211, активни 43, Тетово – 182, активни 71, Струга – 77, активни 9, Велес – 128, активни 31, Битола –29, активни 7, Охрид –23, активни 8, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –22, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.
“Направените 560 теста се преку: Институтот за јавно здравје –226, Ветеринарен факултет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60 и МАНУ -111.
Досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти.
На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот
Од корона вирусот починаа тројца пациенти, вкупната бројка изнесува 122
Убава вест: Оздравени уште 16 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.486
Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија
Фото: Кабинет на претседателот