еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нова хаварија во РЕК Битола: Блок 1 е исклучен заради скината цевка, се очекува брза санација

Заради дефект во котелот на Блок 1, за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка, што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа.

Се работи и на оспособување на Блок 2, кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

Во меѓувреме АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади,“ се вели во соопштението.

Во РЕК Битола пред неколку дена изби пожар во Блок 3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за пожарот во РЕК Битола: Kомбинатот работи со еден блок, не се дозволиле дополнителни хавариски оштетувања

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуштена во употреба салата „Партизан“

Редакција

Австралискиот суд пресуди во корист на Ѓоковиќ, но се уште е неизвесно дали ќе биде депортиран

Редакција

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ+ со негативен изглед

Редакција