Дежурната екипа на Државниот инспекторат за животна средина, во координација со овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош се излезени на терен и вршат вонреден инспекциски надзор при што ќе се констатира фактичката состојба на терен откако во утринските часови од страна на граѓани било пријавено загадување во реката Серава Карпош.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопштија дека подетални информации по однос на инцидентот ќе споделат по доставениот Извештај за вонредниот инспекциски надзор од дежурните екипи.
– Ги охрабруваме граѓаните да продолжат да пријавуваат дејствија кои го нарушуваат здравјето и животната средина, затоа што целта ни е заедничка, стои во соопштението.
Граѓаните денеска на социјалните мрежи објавија фотографии од обојувањето на реката во црвена боја.
Фото: Владимир Куновски за „Не биди ѓубре“