еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Вистината за Симон Трпчески и неговиот настап на концертот во Штип

Деновиве повторно се актуелизираше информацијата за настапот на светскиот, а наш пијанист Симон Трпчески во Штип, кога тој настапи како гостин на новогодишниот концерт на учениците од нижото и средното музичко училиште на 25 декември, за што „еМагазин“ впрочем и пишуваше.

За жал, деновиве за настапот на Трпчески имаше изнесено голема невистина, дека тој наводно го напуштил концертот.

За ова, побаравме интервју од еден од диригентите на концертот Тоше Митрев, на чија што покана и Трпчески настапуваше на концертот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип во Домот на културата „Ацо Шопов“.

На чија покана Симон Трпчевски гостуваше на концертот во Штип, и кој беше поводот за гостувањето?

– Маестро Симон Трпчески е мој долгогодишен пријател. Бидејќи е запознат со новогодишниот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михалов“ што секоја година се одржува, изрази желба оваа година да присуствува на нашиот концерт. На наше огромно задоволство го прифатиме неговиот предлог, но решивме заедно со маестрото Трпчески да биде изненадување за сите. Предизвикот за мене како педагог и за нашите ученици беше голем, бидејќи да настапуваш со најдобриот пијанист од светски рамки не е едноставна работа. Но, бидејќи концертот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ веќе стана традиција и добива тежина секоја година, ни беше огромно задоволство да настапиме заедно со Симон Трпчески.

Дали е вистина дека го прекинал концертот?

– Воопшто не е вистина сето тоа што е напишано во повеќето медиуми. Маестрото изрази жалење за условите во кои работиме ние уметниците, а најмногу за нашите ученици. Солистите на диригентот ми доаѓаат малку зад грб, па поради тоа можеби не сум забележал дека маестро Симон Трпчески го прекинал концертот. Јас вакво лажење, ни во приказните не сум прочитал.

Оваа година се одржа деветтиот по ред новогодишен концерт на учениците од основното и средното музичко училиште ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип. Секоја година нашите ученици ја воодушевуваат публиката и ја полнат салата до последно место.

Оваа година се распродадоа картите само за неколку часа, па во последен момент со учениците донесовме одлука да отсвириме уште еден концерт во истиот ден. Маестро Симон Трпчески уште еднаш покажа колкава е неговата големина така што како изненадување настапи и на двата концерта. На двата концерта имаше преку 1.500 присутни кои на фејсбук-профилите и на штипските портали го оценија овој концерт за нешто најубаво што им се случило во 2019 година, на што сум многу горд.

Што значеше за младите уметници во Штип неговото присуство на иста сцена со нив?

-Еден голем поттик и чест што се на иста сцена со нивниот идол кој е светски уметник. Поддршка дека се на прав пат и порака дека со вредна и истрајна работа, талент секој може да биде успешен во она што го работи.

Митрев исто така им порача на медиумите наместо со лаги и политика, за волшебниот концерт да напишеа во рубриката Култура. Тој го повтори и апелот на Трпчески кој го упати на концертот, а тоа е дека на културата и на образованието не треба и не смее да се штеди.

Трпчески, како што напиша тогаш „еМагазин“ критикуваше за студената сала, условите во кои вежбаат и свират младите уметници и музичари, бидејќи тие се најдобрите амбасадори на државата во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На новогодишниот концерт учениците и публиката измрзнаа во Домот на културата во Штип, Симон Трпчески упати критики

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пелистер“ го доби тендерот на ЕСМ за ископ на јаглен за РЕК „Битола“ вреден 6,2 милиони евра

Редакција

Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Редакција

Во среде изборна кампања веб страната на ДИК не работи

Редакција