ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип го одржа традиционалниот новогодишен концерт во Домот на културата „Ацо Шопов“.
Концертот под диригентска палка на Тоше Митрев, Славица Деспотова и Ленче Богданова Атанасова помина во одлична атмосфера, а заедно со учениците од нижото и средното музичко училиште, настапи и нашиот, а светски пијанист, Симон Трпчевски.
Преполната сала сведочеше за квалитетот на училиштата кој се проткајува низ годините и талентите кои таму се негуваат.
Публиката и уметниците од една страна уживаа, но од друга страна се мрзнеа. Домот на културата, кој е во надлежност на Министерство за култура, пет години е со блокирана сметка, а салата нема греење. Општина Штип бара, оваа сала да и се врати под нејзина надлежност.
Пијанистот Трпчевски упати критики кон надлежните за условите во кои уметниците настапуваат. Тој додаде дека државата не смее да штеди на културата и образованието, бидејќи уметниците се најдобрите амбасадори во светот.