еМагазин
Image default
Македонија

Рекорд: Осум новозаболени од Ковид-19 во Крива Паланка, меѓу нив и двегодишно момче

Крива Паланка во изминатите 24 часа бележи најголем број регистрирани заразени лица од Ковид-19 од почетокот на пандемијата, вкупно осум.

Од нив седуммина се од Општина Крива Паланка, а еден новодијагностициран случај е од Општина Ранковце.

Според информациите од ПЕ на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, овие лица се најголем процент на возраст од 21 до 40 години.

– Новозаболените лица се на различна возраст, имаме заболено тричлено семејство, брачен пар на возраст од 34 и 35 години и едно двегодишно момче, контакти на претходно потврден случај.

Во новопотврдените случаи има и две машки лица на возраст од 21, 24 и 40 години, жена на четириесет годишна возраст и маж на 52 години, некои од нив со лесни симптоми, како изгубено чувство за мирис и вкус, а други со покачена телесна температура и останати симптоми.

Едно од лицата е во Скопје, кадешто и му е дијагностициран Ковид-19 и таму ќе ја помине изолацијата.

Апелирам до граѓаните да бидат дисциплинирани во почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19 и да не се повтори повеќе ваквата бројка на нови случаи, рече одговорниот доктор- епидемиолог, Елена Крстевска Ивановска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка.

Според информациите од Институтот за јавно здравје, денес се бележи и еден случај на лице излекувано од Ковид-19, додека еден нов случај е потврден и во Кратово.

Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се регистрирани 45 случаи на заразени со Ковид-19, а во моментов активни се 16.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кичево еден нов случај со Ковид-19, еден починат и двајца оздравени

Девет новозаразени со Ковид-19 во Дебар од 20 тестови

Нови 159 заболени од корона вирусот од 2.018 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И вицепремиерот Битиќи се вакцинираше против Ковид-19: Лежев во болница и бев на работ на егзистенција

Редакција

Новиот министер за правда Маричиќ ја презеде функцијата од Дескоска

Редакција

11 прекршувања на полицискиот час, 349 казни за неносење маска

Редакција