еМагазин
Image default
Македонија

Седум новозаболени од Ковид-19 во Кавадарци, тројца се здравствени работници

Седум новозаболени лица од коронавирусот во Кавадарци, се регистрирани во последните 24 часа.

Три од нив, се здравствени работници.

Вкупно 177 лица заболеле од Ковид-19 во Општината од почетокот на пандемијата до денес.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА потврди дека новозаболените се на возраст од 42 до 73 години. Четири женски и три машки лица. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти со цел нивна изолација.

Од почетокот на пандемијата досега, во Кавадарци починаа две лица со коронавирусот, од кои еден странски државјанин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кичево еден нов случај со Ковид-19, еден починат и двајца оздравени

Девет новозаразени со Ковид-19 во Дебар од 20 тестови

Нови 159 заболени од корона вирусот од 2.018 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Пратениците ќе ги добијат сите документи, но не и Протоколот со Бугарија

Редакција

Непостоечка фирма за лифтови добила околу 90 тендери, најмногу во јавни институции, Антикорупциска бара експресна постaпка

Редакција