Рекордни 8.300 повици во ЦУК во Скопје поради невремето

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека поради невремето што го зафати Скопје, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, на Единствениот број за итни случаи 112, биле примени повеќе од 8.300 повици.

„Операторите на 112 работат во полн капацитет, а уште во првиот час беа ангажирани и дополнителни смени со цел да се одговори на зголемениот број повици. И во моментов сè уште има зголемен интензитет на повици од граѓаните, а сите примени пријави континуирано се процесуираат и се проследуваат до надлежните институции и служби.

Ги замолуваме граѓаните за трпение и разбирање во услови на исклучително голем број повици. Доколку не успеат веднаш да воспостават контакт со 112, пријавите за материјални штети можат да ги пријавуваат и во текот на утрешниот ден, по што истите ќе бидат навремено евидентирани и проследени до надлежните служби,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Откорнати кровови, дрвја и бандери, блокирани улици, паднати лимови врз автомобили – силно невреме го зафати Скопје

15 лица се повредени како последица на невремето во Скопје

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести