еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Реновирана и модернизирана бензинската станица на „Макпетрол“ во Дебар

Лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати, „Макпетрол“, кој што оваа година одбележува 75 години од основањето, целосно ја реновира и модернизира бензинската станица во Дебар, информираат од компанијата.

Со инвестиција од над 40 милиони денари оваа станица уште повеќе ќе ги задоволи идните потреби на локалните жители, но и на патниците кои транзитираат во овој дел од државата, посочуваат од таму.

– Нашата определба изминативе седум и пол децении е континуирано вложување во постоечките, како и во новите капацитети. Притоа, постојано сме во тек со глобалниот развој на пазарот со нафта и нафтени деривати.

Со осовременувањето, оваа популарна бензинска станица во Дебар ќе продолжи да ги исполнува сите барања на потрошувачите. Целта на нашата компанија е да обезбедиме врвен квалитет и навремена услуга, а потврда дека тоа се остварува е верноста на потрошувачите, истакнуваат од „Макпетрол“.

На реновираната бензинска станица е достапна новата генерација ULTRA горива кои што од неодамна се унапредени со Dual Action Technology. „Макпетрол“, во соработка со еден од најголемите производители на адитиви во светот, Afton Chemicals, во својот бренд на горива ја примени последната генерација адитиви.

-Со новата технологија, бензинските и дизел-горивата на „Макпетрол“ на потрошувачите ќе им обезбедат намалена потрошувачка и зголемена енергетска ефикасност, а со тоа и подобрени перформанси, заштита на моторот, како и намалување на емисиите на штетни материи во животната средина.

Следејќи ги современите потреби на потрошувачите, оваа бензинска станица сега има современ изглед и подобрена функционалност.

Притоа се исполнети сите технички и безбедносни критериуми од највисок ранг. Освен квалитетните горива од фамилијата ULTRA, за потрошувачите во продажниот објект е достапен и широк асортиман на дополнителни производи и услуги, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бимилк и ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола со забава и дружење по повод свеченото отворање на детската креативна патека во Битола

Редакција

(Видео+фото) Традиционално поставена елка во водите на Охридското Езеро

Редакција

Јубилеен 15. Марш на црвените чадори: Побезбедни услови за работа и подобро законско решение за сексуалната работа во земјата

Редакција