еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 177.020 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, информира Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 254.154 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.

Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 717 оздравени од Ковид-19

Редакција

Русковска: Партискиот врв на ВМРО-ДПМНЕ го организирал насилниот упад во Собрание

Редакција

(Видеo+Фото) За што разговараа Заев и Мицотакис

Редакција