еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 372.257 граѓани: Вчера се вакцинирале 14.230

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 506.033 граѓани, информира Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а ревакцинирани се 372.257 граѓани.

„Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 56% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 46% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 10 пациенти во Прилеп е утврден британскиот сој на Ковид-19

Редакција

Апелација ја прифати жалбата на Мијалков за неговото барање за условен отпуст

Редакција

Јово Вангеловски нема да биде гонет за непостапување по службена дејност

Редакција