еМагазин
Македонија

Ревакцинирани 48% од полнолетната популација, трета доза примиле 86.266 граѓани

Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, информираат од Министерство за здравство.

„Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48%, а 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани.

22% од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50%,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.

Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство оформило предмет и одредило обвинител што ќе го сослушува Боки 13 за „бомбите“

Редакција

Рекорден број на новозаболени од Ковид-19 во Струмица

Редакција

(ВИДЕО) Заев на прослава на Успение на Пресвета Богородица во црквата „Светa Богородица“ во Осоговскиот манастир

Редакција