Во Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие се регистрирани 11 нови случаи на заболени од Ковид-19, на возраст од 15 до 69 години.
Според директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов, станува збор за заболени од различни кластери.
„Ги преземаме сите мерки да ги откриеме контактите на заболените, правиме епидемиолошка анкета и ги мапираме контактите. Се работи за заболени од различни кластери и во најголем дел сите потекнуваат од градот Срумица.
Очекувам во текот на денот Комисијата за заразни болести да заземе став за да може да преземем мерки по рекордниот број на заболени во Струмица“, рече Витанов.
Инаку, на Инфективното одделение во струмичката болница се лекуваат 17 заболени, а неколкумина се пренесени и на лекување во Скопје.
МИА/Фото: Општина Струмица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аеродром со најмногу активни случаи на Ковид-19 меѓу скопските општини
Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници
Убава вест: Оздравени 134 пациенти кои боледувале од Ковид-19
Нови 140 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје