еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство оформило предмет и одредило обвинител што ќе го сослушува Боки 13 за „бомбите“

Шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител што ќе го сослушува Бојан Јовановски – Боки 13 за „бомбите“ кои вели дека ги поседува, објави „Макфакс“.

„Основниот јавен обвинител, постапувајќи по дописот, оформи предмет, кој веќе е распределен на постапување кај јавен обвинител што е задолжен да го сослуша осуденото лице и врз основа на исказот и материјалните докази што осуденикот ги поседува да му реферира на основниот јавен обвинител и да донесе одлука за понатамошно постапување.

Обвинителството ги охрабрува сите што имаат сознанија и поседуваат докази за сторени кривични дела да ги пријават во обвинителствата во согласност со нивните надлежности“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Макфакс“.

Од таму посочуваат дека сослушувањето не може да го прави шефот Абази, како што бараше Боки 13, оти тоа, според Законот за јавно обвинителство, го прават избраните обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 му нуди на Абази “бомби„ за корупција и криминал на политичари, судии, бизнисмени…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се отвара наесен следната година: Како ќе изгледа East Gate Mall

Редакција

Османи не откри зошто е протеран нов руски дипломат

Редакција

Завршија консултациите во ДУИ, утрешниот Централен совет ќе одлучи за новите партиски функционери

Редакција