еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ревизорите откриваат дека Владата нема контрола врз работењето на администрацијата: Милиони потрошени за џабе

Иако биле потрошени милиони денари за воспоставување Интегриран систем за управување со човечки ресурси и секоја година се трошат огромни средства за негово одржување тој не функционира бидејќи најголем дел од институциите не ги ажурираат податоците за бројот на вработени и плати поради што постои неусогласеност за бројот на институции и бројот на вработени во македонската администрација.

Ова го покажува извештајот на Државниот завод за ревизија од каде ја контролирале работата на Министерството за инфораматичко општество и администрација.

„Доставените податоци од страна на Министерството, генерирани од модулот за персонална евиденција за 2018 година, укажуваат дека во РСМ има вкупно 1.310 институтции од јавниот сектор во кои бројот на активни договори за работа изнесува 78.320 лица, додека според годишниот извештај во јавниот сектор активни се 1.314 институции во кои работен однос имаат засновано 132.068 лица“, се вели во извештајот на ревизорите.

Ревизорите откриваат дека 168 институции се водат под драфт/нацрт систематизација на работните места, додека 201 институција во системот се водат без ниту едно лице распределено работно место.

„Неажурноста во внесување податоци во системот е причина за разликите изнесени погоре“, се вели во извештајот.

Тие објавија и дека до моментот на вршење на ревизијата модулот за пресметка на плати се користи само во 26 институции, а модулот за извештаи се користи само од Министерството за информатичко општество и администрација.

„Ваквата состојба упатува на тоа дека основните цели за кои е воспоставен системот не се реализираат согласно утврдената динамика, а за воспоставување и одржување на истиот во изминативе четири години се остварени значителни расходи, од кои само во 2018 година 21,1 милиони денари“, пишува во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден од двајцата новопочинати од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

Проруската самопрогласена „Народна Република Луганск“ во источна Украина, би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија

Редакција

Убава вест: Оздравени 556 болни од Ковид-19

Редакција