еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичен рочиште за „Талир“, за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски, бидејќи како пратеник и шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на НАТО учествувал на заеднички состанок на комитетите во Брисел.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир“ што се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема ново одложување на пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски

Редакција

Грција се нуди да посредува во спорот помеѓу Македонија и Бугарија

Редакција

Судење за „Тврдина-Таргет“: Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван

Редакција