еМагазин
Image default
Бизнис

Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави продолжен до 28 април

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека даночните обврзници и сметководителите имаат три доплнителни работни денови за поднесување на ДДВ-04 пријави.

Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.

„Тридневното продолжување на рокот за поднесување ДДВ-о4 пријави е со цел да се избегне отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, и поради повеќето неработни денови во месец април 2023 година,“ информира УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од Комерцијална банка за 35.000 евра

Редакција

Актуелните мерки за влез во Грција, продолжени за уште една недела

Редакција

Препораки пред патувања: Како да се заштитите од измамите на туристичките агенции

Редакција