еМагазин
Image default
ЖИВОТ

РСБСП: Ниски температури, снег, голомразица и влажни коловози-возете внимателно!

По значителното влошување на временските услови во последните неколку денови во земјава и појавите на дожд, магла и снег кои се очекува да се интензивираат во наредниот период Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при ниски температури и зимски услови на патиштата.

РСБСП посочува дека ошто познат факт е дека временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа потсетува на обврската за поседување зимска опрема во возилата која започна на 15 ноември минатата година и трае до 15 март оваа година.

-Оние возачи кои се уште не обезбедиле зимска опрема (синџири за снег или зимски гуми), потребно е веднаш да го сторат тоа, бидејки покрај санкциите предвидени со ЗБСП и можноста полицискиот службеник да ги отстрани од сообраќај, со не обезбедувањето на зимската опрема ја загрозуваат сопствената безбедност, но и безбедноста на сите други учесници во сообраќајот, посочуваат од РСБСП.

Воедно, се препорачува намалување на брзината и прилагодување според условите на патот поради појава на голомразица и влажни и лизгави коловози во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, која е очекувана, особено во раните утрински или доцните вечерни часови.

Меѓу препораките се и држење безбедно растојание и внимавање на однесувањето на другите учесници во сообраќајот, предвидливост, односно постапките во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи со редовно користете трепкачи и избегнување нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, забавување или забрзување на возилото и внимателно возење во услови на магла.

-Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и вклучете ги соборените светла и светлата за магла (доколку поседувате). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте се до моментот кога вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно, наведуваат од Советот за безбедност во сообраќајот.

На возачите им се препорачува и да внимаваат на одрони на патот, наноси на земја, песок, камења итн. кои во овој период од годината е карактеристична појава што може да биде многу опасна за сообраќајот, како и потребата од редовна техичка проверка на возилото.

-Затоа возете внимателно и намалете ја брзината, особено ако возите во услови на дожд, во планински предели или во други непознати области каде што не ги знаете доволно карактеристиките на патот и патната околина. Направете техничка проверка на возилото.

При зимски услови на патот, посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при ниски температури и влажни и лизгави коловози на површина излегуваат сите неисправности на возилото.

За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете редовна зимска проверка на возилото, со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката, наведуваат од РСБСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две пријави од лекари за сомнеж за смртен исход по примена вакцина против Ковид-19, 231 пријава за несакани реакции

Редакција

Персонализирана терапија за пациенти со канцер, кај нас и искуства од Хрватска

Редакција

Минатата недела еден починат од Ковид-19 и 169 нови случаи

Редакција