еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Ругање со Христос“ доби бесплатна реклама од Министерството за култура и Агенцијата за филм

Македонија е една од ретките земји во светот каде што државата се дистанцира од филмски проект за кој дала финансиска поддршка. Имено, Министерот за култура Асаф Адеми и директорот за Агенцијата за филм, Горјан Тозија го осудија филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи бидејќи во него војниците на ОНА се претставени како насилници-силувачи.

Иако не го гледале, министерот и директорот ја донеле одлуката за осудување на филмот врз основа на трејлерот, прочитаното сценарио и режисерската експликација.

Малку е смешно што двајцата функционери се правдаа дека не станува збор за цензура, а истовремено најавија дека во иднина ќе биде воведен и дополнителен увид во снимените проекти преку механизам на колаудација, односно, пред нивната дистрибуција ќе бидат погледнати од потписниците што дале зелено светло на сценаријата.

Останува впечатокот дека Владата со овој потег воведе цензура и тоа за историски и политички факти. Имено, во „Ругање со Христос“ се испреплетуваат четири приказни, работен е според вистински настани од блиската историја, едната е битката на Радуша и киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници за време на воениот конфликт 2001, како и убиството на младиот Ванчо Каранфилов во Тетово, кој беше застрелан додека играше кошарка.

Тоа што власта смета дека филмот е политички некоректен, не и дава право да го осуди филмот на „негледано“. Од друга странна, секоја реклама е добра, а можеби најмногу негативната, така што сигурно е дека со осудата, Министерството за култура и Агенцијата за филм му дадоа одличен елан на филмот, посебно за странските пазари каде што публиката е жедна за „политички некоректни“ филмови.

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка лани остварен промет од 32 милиони евра

Редакција

Жена од охридско што се изгубила берејќи печурки, пронајдена е денеска

Редакција

СЗО: Состојбата во Западен Балкан е многу сериозна

Редакција