еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ

Каде исчезнаа пратениците за Законот за минерални суровини?

Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека мнозинството пратеници вчера го напуштиле парламентот за да нема кворум откако на дневен ред на седницата дојде точката за Законот за минерални суровини.

Тие велат дека имале надеж дека изгласувањето на Законот ќе го означи почетокот на крајот на рудниците на смртта, проблем кој предолго егзистенцијално го вознемирува регионот.

Тие објаснуваат дека во законот, чија поготовка започна по силниот притисок што го изврши еко-движењето од Југоистокот, се предидува забрана на користење цијаниди и сулфурна киселина во нови рудници од отворен коп и други мерки, кои значително би придонеле за превентивна заштита на животната средина. Законот не ги опфаќа постојните рудници.

„Ако претпладнето се наѕираше олеснување од исцрпувачката, речиси двегодишна борба, тогаш попладнето суровата реалност на македонската „политика“ уште еднаш не соочи со својата одвратна лицемерност и корумпираност.

Пред да биде поставена точката за Законот, во салата имаше 97 присутни пратеници. Тие претходно жолчно дебатираа и се обвинуваа во врска со претходните точки на дневен ред, но потоа одеднаш се случи стратегиско обединување и национално помирување.

Во мигот кога на дневен ред дојде Законот, настана вистинско стампедо кон излезните врати на салата, од двете партии, во буљук, по што останаа присутни само 15-тина пратеници, што значи дека немаше кворум за гласање на законот.

Не е ова тивок бојкот како што некои го нарекоа, ова е громогласна, дрска, битангоидна јавна манифестација на презир кон граѓаните од страна на „народните пратеници“, и тоа кога тие граѓаните се во егзистенцијална опасност.

Ова е еден од досега најеклатантните докази за кукавичлакот на „избраните“ и, особено, за негативната селекција според која тие се селектирани за во парапарламентот“, реагираат граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговците да го следат примерот на КАМ маркет, кој ги замрзна цените на 100 производи

Редакција

Фонд за поддршка на македонските онлајн медиуми!

Редакција

„Војна„ на социјалните мрежи за референдумот, а договорот со Грција го прочитале 3,1% од граѓаните

Редакција