еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија ќе ги прекине воените операции во близина на фабриката „Азовстал“ и ќе дозволи хуманитарен коридор

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека вооружените сили на Русија и Народната милиција на ДНР од 14 часот по московско време, денеска, 25 април, еднострано ги прекинуваат сите воени операции во близина на фабриката „Азовстал“.

– Нема никакви пречки цивилите да го напуштат „Азовстал“, освен одлуката на Киев и националистите да ги задржат цивилите како „жив штит“, пренесува РИА Новости.

Се проценува дека во фабриката за челик има меѓу 300 и 1.000 цивили, кои се таму заедно со преостанатите украински борци кои го бранат градот.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин нареди да престанат сите воени активности врз фабриката „Азвостал“, но нареди војската да направи обрач околу објектот и да не дозволи „мува да прелета“.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов топло, на некои места летни температури

Редакција

Одлуки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен, на избори само со „Пржинска влада„

Редакција

СЗО ја острани трансродноста од листата на ментални болести

Редакција