еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Засега нема прекин на штрајкот: Попладне можна средба на СОНК со Владата за конечена одлука дали децата од утре ќе почнат со училиште

Претседателот на Синдикатот за образование,наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, на денешната прес-конференција истакна дека до овој момент нема взаемен договор со ресорните министри, за прекин на штрајкот на просветните работници и вработените во градинките.

Тој информираше дека „има сигнал за попладневна средба во Владата“.

„Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во детските градинки, во интерес на родителите, во интерес на колегите кои штрајкуваат, да постигнеме договор во однос на зголемување на платите согласно Законот за минимална плата,“ појасни Неделков и додаде дека  очекува и да се постигне договор за динамика на пораст на платите во следните години.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најголем дел од починатите од Ковид-19 имале кардиоваскуларни болести

Редакција

Лажни сите пријави за бомби во училиштата во Скопје и Куманово

Редакција

Во Куманово се степале двајца нови советници во Советот на општината

Редакција