еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Софија дала дозовола за прелет на рускиот владин авион над Бугарија

Официјален претставник на бугарската влада потврди за БГНЕС дека руски владин авион летал низ воздушниот простор на таа земја.

Изворот појасни дека се работи за дозволен лет од МНР, кој имал хуманитарна цел – да ги земе руските дипломати.

Руски владин авион вчера изутрина во 9.26 слета на белградскиот аеродром Никола Тесла. Тој полетал од Сочи и минал низ воздушниот простор на Бугарија, која во февруари годинава објави дека забранила летови на руски авиони низ нејзина територија.

Претходно, Н1 јави дека рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полетал за Белград преку Бугарија.

Според податоците објавени на веб-страницата flightradar24.com, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9.30 часот.

Во делот „авиокомпанија“ на оваа специјализирана страница што ги следи летовите низ светот стои „Rossiya – Special Flight Squadron“, што е ознака за руските државни авиони.

Нема информации за овој лет на веб-страницата на аеродромот Никола Тесла каде слета рускиот авион.

Од друга страна, љубителите на авијацијата на Инстаграм објавија фотографии од овој авион на пистата на белградскиот аеродром, истакнува Н1.

Според податоците достапни на интернет, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина за да се вратат руските дипломати во Русија, кои беа прогласени за персона нон грата во земјите каде биле на служба.

Веб-страницата flightradar24.com покажува дека истиот авион летал од Москва до Копенхаген во Данска на 17 април, но потоа избегнал да лета над земји кои забраниле летови со руски авиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иако е затворен воздушниот простор, руски владин авион преку Бугарија стигна во Белград

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија

Редакција

(ВИДЕО) Марш на гордоста: Со зурли и тапани побарана заштита на семејството и бракот

Редакција

Колкави се примањата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Скопски пазар

Редакција