еМагазин
Image default
Свет

СЗО ја острани трансродноста од листата на ментални болести

На заседанието на Светското здравствено собрание, што се одржува во Женева, донесена е одлука за отстранување на трансродноста од листата на ментални заболувања.

Како што соопшти Светската здравствена организација (СЗО), со ова во Меѓународната класификација на болести, трансродноста наместо како заболување, ќе се третира како состојба.

– На овој начин на меѓународно ниво се врши првиот чекор кон депатологизација на трансродноста, а сите земји членки (на СЗО) од 2022 година треба да почнат со примена на новата Класификација, со што се остава доволно време за национална имплементација на документот, како и спроведување на сите неопходни промени на национално ниво, се наведува во соопштението на СЗО.

Светското здравствено собрание е повеќедневна конференција на Светската здравствена организација, во чија работа учествуваат претставници на министерствата за здравство на земјите членки на СЗО. Собранието заседава еднаш годишно и тоа по правило во текот на мај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Зеленски пред германските пратеници со остри критики за западните лидери: „Сè за што бевте загрижени беше економијата“

Редакција

„Еспресото“ можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест

Редакција

Путин го поништи декретот за поддршка на суверенитетот на Молдавија

Редакција