еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Руски „Газпром“ најави огромно зголемување на цената на гасот во Европа

Рускиот производител на гас „Газпром“ го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри.

Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2 проценти, додека во исто време бележи раст рускиот извоз на гас во Кина.

Производството на „Газпром“ од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Побарувачката за гас што го произведува „Газпром“ на домашниот пазар е намалена за 2,3 проценти.

Рускиот весник „Комерсант“ објави дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, што сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри, а причината за тоа е намалувањето на понудата на Северен поток од страна на „Газпром“.

– Цената на гасот во Европа завчера се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е сè поскап поради високите температури на воздухот и сушата, што го отежнува транспортот на јаглен по река.

Дополнително, намалени се испораките на гас од Норвешка поради поправки во производните капацитети, се наведува во текстот на „Комерсант“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Техничка влада од 3. јануари: Како ќе изгледа?

Редакција

Николовски потврди дека одмарал во Дубаи: Не се вакцинирав и не правев бизниси

Редакција

За плати, надоместоци и други лични примиња во М-НАВ потрошени фантастични 635,3 милиони денари

Редакција