еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Со што Бесими и функционерите заслужија покачување на платите, а администрацијата не, реагираат од ССМ

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе со соопштение во кое реагира на изјавата на министерот за финансии, Фатмир Бесими, вработените да почекаат на зголемување на платите до 2024 година. ССМ оцени дека изјавата на Бесими оти ако се зголемат платите на работниците сега ќе има импликации на инфлацијата, е неразумна.

-Оценката на министерот дека дијалогот во Економско социјалниот совет (ЕСС) за зголемување на платите ќе потрае и дека побрзо ќе се утврди методологијата за плати во јавен сектор (онаа против која се сите синдикати) со која ќе се стави ред во платите во јавниот сектор, ќе остане само негова пуста желба.

До кога Владата ќе глуми социјален дијалог, до кога владините претставници ќе зборуваат едно на ЕСС, а друго по медиумите и дали некогаш ќе се засрамат за тоа што си ги зголемија платите за 78 отсто во најголемата инфлација, а со ништо не заслужија такво зголемување, е наведува во реакцијата на ССМ.

Синдикатот прашува и дали функционерите имаат совест, кога говорат дека дека ако се зголемат платите на работниците ќе се покачи инфлацијата, додека 1.100 од нив си ги покачиле примањата.

-До кога со ваквите политики на Владата, работниците ќе немаат ниту за леб туку за трошки, а функционерите за торта и колачи и до кога работниците ќе ги толерираат ваквите функционери! Нема друга држава во Европа и во светот каде што функционерите си ги зголемиле нивните плати за 78 отсто, а единствено зголемување за работниците е само работното време и тоа за 78 отсто, се вели во соопштението.

ССМ апелира работниците масовно да се придружат на активностите на синдикатите во наредниот период, наведувајќи дека „само заедно можеме да се избориме за нашите работнички права!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За функционерите има, за администрацијата нема пари за повисоки плати

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечна детална листа: Кои се градоначалниците за кои ќе се гласа во вториот круг на локалните избори

Редакција

За прв пат од почетокот на епидемијата, на Клиниката за инфективни болести нема прием на нов пациент

Редакција

Твитер реакции за влегувањето на синот на Ахмети во бизнисот со струја

Редакција